Актерката Гал Гадот ја доби четвртата ќерка

Израелската актерка со холивудска кариера Гал Гадот го роди четвртото дете, и тоа четврто девојче. Таа истовремено откри дека името на бебето е Ори, што на еврејски значи „моја светлина“.

„Бременоста не беше лесна, но сега донесе многу светлина во нашите животи“, напиша Гадот на Инстаграм, каде што објави фотографија како го држи бебето.

Триесет и осумгодишната Гадот во декември објави дека е повторно бремена. Таа е мајка и на 11-годишната Алма, Маја (6) и Даниела (2).

Scroll to Top