Македонија Македонска Каменица

Ковачки: Фокусот ќе ни биде изградба на инфраструктурата, многу нови патишта во Македонска Каменица и нејзино поврзување со Крива Паланка

За земјоделците ветуваме 800 милиони евра директна поддршка за 4 години, ги ставивме луѓето на прво место, истакна Ковачки.

Ковачки: Фокусот ќе ни биде изградба на инфраструктурата, многу нови патишта во Македонска Каменица и нејзино поврзување со Крива Паланка

„Во изминатиот период каде и да одевме се чувствуваше енергијата и желбата на луѓето за промени. Во изминатите денови се среќавав со пензионери, лекари, млади лица, со војници со полицајци и секаде каде што разговарав со луѓето сите кажуваат дека состојбата е претешка, сите беа разочарани од животот кој што го живеат и животниот стандард кој што е намален и од понижувањата и газењето на македонските национални интереси. Македонија ги живее најтешките години, но желбата за промени е толку голема, што силно ќе ги победиме“, посочи Драган Ковачки, носител на пратеничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, на митингот во Македонска Каменица.

Тој посочи дека на овие избори ВМРО-ДПМНЕ ја нуди програмата „Платформа 1198“, а ВМРО-ДПМНЕ се што ветува и реализира и затоа ја бара поддршката од граѓаните.

„За земјоделците ветуваме 800 милиони евра директна поддршка за 4 години, ги ставивме луѓето на прво место. Затоа ги ставивме и економијата и инфраструктурата во фокусот. За инфраструктура планираме околу 2 милијарди евра да инвестираме во 4 годишниот мандат. Македонска Каменица ќе ја поврземе со асфалтен пат со Крива Паланка, дополнително локален пат од Косевица до Моштица, локален пат од Тодоровци до Луковица, реконструкција на локалниот пат до Луковица, изградба на локален пат од Саса до Цера, изградба на повеќе патишта во Саса и Костин Дол, изградба на повеќе улици во Каменица како ул. „Питу Гули“, ул. „Карпошова“ и ул. „Миле Јаневски Џингар“. Реконструкција на улица „Илинденска“ и изградба на пешачки мост на Каменичка Река, изградба на фекална канализација во Моштива, Косевица и колектор од Моштица до Македонска Каменица и многу други проекти“, истакна Ковачки.

Најнови вести од Македонија

To top