Во прв ред

“Гоце фест 2024” на 15 март во Дом на АРМ

Дирекцијата на фестивалот на новосоздадени патриотски и родољубиви песни “Гоце фест” деновиве ја откри програмата за своето 35. издание, кое ќе се одржи на 15 март 2024 година, во Дом на АРМ.

На сцената преку дваесеттина нови патриотски песни ќе бидат изведено од познати пејачи: Виданка Георгиевска, Серафина Фантаузо, Ванчо Тарабунов, Ристо Краповски, Петар Нечовски, Раде Младеновски, Методија Столевски, Милица Кузмановска, Ани Малинкова, Јулија Мациевска, “Модерато”, “Соната” и други. Водителка ќе биде Сузана Апостолова, а ќе снима Тв Сонце.

Песните се речиси готови, се доснимуват уште некои финеси, а пејачите се подготвени да запеат со мерак. Сепак, се и огорчени што и оваа година Министерството за култура на Македонија ги прескокнало и не издвоило ниту денар за нив, како да е тоа нечиј туѓ фестивал а не домашен, наш, негодуваат гласно. Ваква реакција има и уметничкиот директор Пеце Здравковски, кој вели дека тоа е судбината на “,Гоце фест” веќе 35 години откако постои, да се одржува со “снаоѓање”.

Годинава логистика во одржувањето понуди и Фидан Шемоски, Македонец кој живее во Германија и воедно е иницијатор и за фестивалот на дуети кој се одржува во Могила, Прилеп.

“Гоце фест” постои од 1990 година, има продуцирано над 700 патриотски и родољубиви песни кои ја опеваат и величаат историјата на славните македонските јунаци и на славните времиња – невремиња. Песните секогаш се објавувани на носачи на звук, за што постои голем интерес кај слушателите. И годинава ќе бидат објавени на нови цедиња и достапни веднаш по фестивалот.

Можеби ќе ве интересира: