еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Детали од МВР за сообраќајката во која загина маж, а две малолетни деца се повредени

Скопјанец загина, а неговата сопруга и двете малолетни деца на возраст од 8 и 13 години се повредени откако со возило излетале од експресниот пат Штип – Кочани.

Несреќата информира МВР, се случила доцна синоќа околу 02:45 часот во близина на с.Крупиште.

Со возилото управувала С.М. (34) од Скопје, кое излетало надвор од коловозот.

-По несреќата, возачот и сопатниците И.М. (39) од Скопје и двајца малолетници биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што кај И.М. била констатирана смрт, додека кај возачот и малолетниците биле констатирани телесни повреди, информира МВР.

Увид на местото извршиле јавен обвинител и увидна екипа од СВР Штип.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

39-годишен маж од Скопје загина во сообраќајка на патот Штип-Кочани

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нови детали за трагедијата во Демир Капија: Демиркапиецот кој го уби соседот и порано го пријавувал за тропање од горе во полиција

Редакција

Се проверува дали има одговорност кај градоначалникот Димитриевски оти не им кажал на премиерот и министрите дека се тестирал

Редакција

Ловџија застрелал колега при лов во ресенско

Редакција