Баерн Минхен со „валкан трик“ направи Арсенал да не може да нападне како што сака (Фото)

Арсенал не успеа да се пласира во полуфиналето од Лигата на шампионите откако со 0:1 загуби на гостувањето кај Баерн Минхен, па германскиот тим со вкупни 3:2 помина во следната фаза од елитното европско натпреварување.

Голот за победа Баерн го постигна во второто полувреме, а дел од навивачите на Арсенал посочуваат дека домаќините на полувремето се послужиле со еден „валкан трик“.

За време на 15-минутната пауза, организаторот реши да ги пушти прскалките да го наводнат теренот, но само на делот на кој во второто полувреме требаше да напаѓаат гостите. Прскалките за десетина минути го натопија тој дел од теренот, додека половината на која Баерн Минхен требаше да напаѓа остана целосно сува.

Фановите на Арсенал се потсетија дека слична финта направи и Ливерпул на мечот против Топчиите во декември. Сега и Баерн Минхен го искористи тој трик, па на наводенет терен играчите на Арсенал имаа потешкотии добро да ја контролираат топката во офанзивниот дел.

Џошуа Кимих го даде победничкиот гол за Баерн Минхен во 63-тата минута. Во полуфиналето Баерн Минхен ќе игра против Реал Мадрид.

- Оглас -

Најнови вести