Десет лица се сослушани за случајот Данка, a двајца пријатели на Ивана Илиќ завршија на полиграф

Во случајот со исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2) се сослушани повеќе од 10 лица. На полиграфско тестирање биле и двајца мажи кои се блиски со мајката Ивана Илиќ, пишува српска „Република“. Мајката на Данка се гледала со двајцата, а тоа го сокрила од сопругот. И двајцата биле полиграфирани и го поминале полиграфот, тврди медиумот.

Инаку, освен тие двајца, сослушани се и други пријатели на Ивана како и нејзиното потесно семејство.

Потрагата по двегодишнaтa Данка Илиќ, кој исчезна во вторникот во населбата Бањско поле кај Бор, влезе во четврти ден. Полицијата во текот на ноќта дежура и во куќата од каде исчезна девојчето.