За една година во Македонија се затвориле дури 14 училишта

За една година во Македонија се затвориле дури 14 училишта

Клуч на врата за 14 училишта во државата за само една година. Ова го покажа најновиот извештај на Заводот за статистика кој вели дека за една училишна година се затвориле четиринаесет основни училишта и едно специјално училиште.

Според експертите причина за намалувањето на бројот на ученици во земјата е намалениот наталитет и иселувањето, односно фактот дека се поголем број семејства од земјава се преселуваат во потрага за подобар живот.

Второто полугодие на оваа учебна година во училиштата во општина Гостивар, започнало со речиси 200 ученици помалку. И во општина Тетово родителите на околу 160 ученици побарале пред почетокот на второто полугодие нивните деца да бидат испишани од редовна настава.

Според податоците на ДЗС, на крајот на учебната 2022/2023 година, бројот на ученици во редовните основни училишта бил 182.245, што претставува намалување за 1,4% во однос на претходната година.

Во редовните средни училишта бројот на ученици на крајот на учебната 2022/2023 година изнесува 66.678, што претставува намалување за 3,9%, во однос на претходната година. Бројот на паралелки за една година се намалил од 11,057 на 10,997 стои во соопштението на ДЗС. 

Горчливата вистина е дека многу млади си заминаа од земјата, или цели семејства со деца на училишна возраст ја напуштаат Македонија. Пораснат е само бројот на новоангажирани наставници. За само една година, во образованието биле ангажирани 283 нови наставници.

Љубиша Владимиров

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста