Search

Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ на заеднички концерт во Филхармонија

На први јуни со почеток во 20:30 часот во Македонска Филхармонија ќе настапат големите мајстори на гитарата, светските уметници Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ. После долго време Тадиќ доаѓа во Скопје, а за прв пат во амбиентот на Македонска Филхармонија, во организација на Авалон продукција.

Од Авалон велат: „20 години подоцна, кругот повторно се затвора. Едно од нашите највредни албумски изданија е секако, албумот ,,Трета мајка”.

Оваа година, ,,Трета мајка” го објавивме на винил, а следниот чекор беше очекуван: многумина веќе ни пишаа и интересот за оваа најава постои уште пред нејзиното официјализирање денес.

Со голема доза на задоволство ви најавуваме дека Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ ќе го свират ,,Трета Мајка” и, се разбира, ,,Крушево” во живо во Скопје, на 1ви јуни во Македонска филхармонија, со почеток од 20:30 часот“.

Тоа ќе биде впрочем и нивен прв настап во Македонска филхармонија, додека во Скопје одамна немаат свирено заедно.

Влезниците се пуштени во продажба од 9ти април и онлајн на ticketx и во продажната мрежа на ticketx низ Македонија по цена од:

1.500 денари и

1.990 денари

Најново

Последни колумни