17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Samsung“ има нов полнач за телефон: Еве што може да направи и...

„Samsung“ има нов полнач за телефон: Еве што може да направи и колку чини

Новиот полнач на „Samsung“ може да полни два телефони истовремено, а на европскиот пазар ќе чини 69,90 евра.

Уште во јануари беше објавено дека „Samsung“ планира да ја прошири својата палета на опрема за паметни телефони со два нови полначи, вклучувајќи го и „Charger Duo“ од 50 вати со две „USB-C“ порти.

Иако се зборуваше дека новите полначи ќе се појават на пазарот со серијата на телефони „Galaxy S24“, тоа не беше така и тие некако паднаа во заборав.

Сепак, речиси пет месеци по првичната најава, јужнокорејската компанија реши официјално да го претстави „Charger Duo“ од 50 вати, кој на европскиот пазар пристигнува со цена од 69,90 евра.

Како што пишувавме на почетокот на годината, станува збор за полнач со број „EP-T5020“ кој пристигнува со два „USB-C“ порти. Максималната брзина на полнење на една порта е 50 W или 45 W бидејќи водечките модели на „Samsung“ не поддржуваат поголеми брзини, додека користењето на двете порти ќе биде 25 W.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП