УЕФА се сомнева во наместен меч во Србија, започната е истрага (Видео)

Фудбалот во Србија го тресе нов скандал откако од Европската фудбалска федерација (УЕФА) стигнал абер дека има сомнеж за наместен меч, пишува „Спорт клуб“. Се работи за меч од Прва лига меѓу Текстилец и Младост ГАТ кој заврши со победа на гостите од 2:1.

За овој натпревар биле забележани голем број уплати за победа на гостите, и тоа непосредно пред да започне дуелот. Токму поради тоа постои сомнеж дека средбата била наместена. Од Српскиот фудбалски сојуз веднаш започнале истрага и во следните 10-тина дена треба да се донесе првостепена одлука.

 

- Оглас -

Најнови вести