Олимпијакос со лекција за Барселона, Панатинаикос се избори за мајсторка на домашен терен

Олимпијакос и Панатинаикос се изборија за израмнување на сериите против Барселона и Макаби и си закажаа мајсторки за пласман на завршницата од Евролигата.

Импресивна победа од 92-58 забележа грчки Олимпијакос против Барселона и израмни на 2-2 во серијата, откако мечот започна израмнето, а првата четвртина им припадна на гостите. Во продолжение од мечот на паркетот во Пиреја постоеше само една екипа кој безмилосно ја мелеше големата Барселона.

Многу возбудувања имаше на дуелот во Белград, помеѓу Макаби Тел-Авив и Панатинаикос. Домашните беа блиску до пласман на фајнл-фор турнирот, но грчки ПАО во последните минути од мечот дојде до победа од 88-95 и се избори за петти натпревар на домашен терен.

Во моментов само екипата на Реал Мадрид има обезбедо пласман на завршницата, откако со метла го елиминираше составот на Басконија. Последната двојка е Фенербахче – Монако, а составот од Истанбул има предност од 2-1.

- Оглас -

Најнови вести