„Не, не бев јас против децентрализација и тогаш и сега сум за децентрализација ама бев против вештачката неприродна територијална организација.Преку ноќ без согласност на граѓаните, на локалните власти и без почитување на 33 референдума на локално ниво за задржување на статусот на општините, беше направен демографски и изборен инженеринг и беа вештачки придодадени селски средини на урбаните“, рече во Велес кандидатката за претседател на Коалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ Гордана Силјановска Давкова.
Таа посочи дека „последиците ги гледаме и денеска што вештачки во некои градови, селото го управува градот и во некои градови се вратени феудалните односи“.
Рече дека „такви градови се за жал Струга и Кичево, каде однапред се знае кој ќе биде изборниот резултат“. Таа порача дека тие по изборите мора да стават крај и на сегашната импровизациите во правната држава.
Н. А.