(фото) Промовирана првата збирка раскази „Човекот без сенка“ на велешанецот Ѓоре Ѓелев
Првата збирка раскази на младиот роднокраен автор Ѓоре Ѓелев, вчера, во медијатеката на велешката библиотека „Гоце Делчев“ беше промовирана пред многубројна публика. Ова е трета книга на велешанецот Ѓелев, претходно ги објави стихозбирките „Тежината на вториот чекор“ и „Лиричност од Шекспирова“.
Промотор на третата книга „Човекот без сенка“ беше д-р Игор Радев но пред публиката се обрати и авторката на цртежите во книгата Славица Купенкова која истакна дека во врска со секој расказ, заедно во договор со авторот кој е многу креативен, користеле различни динамички поставки.
-Ликовите во книгата ”Човекот без сенка” од Ѓоре Ѓелев се прикажани со длабочина, одразувајќи ја различноста и сложеноста на човечките искуства, пренесувајќи ги нивните емоции, чудни и уникатни патувања, подобрувајќи ја врската на читателот со наративот. Од раздвижени градски улици до мирни пејзажи, како позадина за драмата што се развива во секоја приказна, како интегрални елементи го збогатија раскажувањето, предизвикувајќи чувство за место и атмосфера да ги вовлече читателите подлабоко во наративот. Исто така во договор со авторот Ѓоре Ѓелев, симболизмот е вткаен во илустрациите, додавајќи слоеви на значење и подобрувајќи ја читателската интерпретација на приказните. Ова го сметавме како особено важно бидејки преку суптилни визуелни знаци и мотиви, илустрациите треба ги повикуваат читателите да дешифрираат подлабоки теми и пораки вградени во наративите, поттикнувајќи и размислување. А често пати баш тие необични детали и неочекувани визуелни елементи додаваат шарм на илустрациите, поканувајќи ги читателите да ја истражуваат секоја сцена со задоволство, додаде Купенкова.
Промоцијата беше организирана во соработка со Клубот на писатели „Коста Солев Рацин“. За време на промоцијата извадоци од расказите читаа учениците Бојана Најдова, Марија Бошевска, Ана Бошкова и Ања Трајковска, со музичка подлога која ја изведоа Михаил Петковски и Кристина Станишева, додека со своја мучичка точка се претстави Мила Јорданов од музичкото училиште „Стефан Гајдов“.
Стефани Манева