Шекил Онил реши да се вклучи во дебата за Новицки и Дончиќ: Кој е подобар? Има една разлика..

Славниот Шекил Онил, реши да се вклучи во дебатата околу тоа дали Лука Дончиќ е подобар од Дирк Новицки.

Се зборува за двајца големи играчи во историјата на Далас Маверикс, но мислењата се поделени, а сезоната 2018/19 овие двајца играа заедно.

Новицки во Далас ја мина цела своја кариера, од 1998 до 2019 година, а најголем успех му беше титулата со Маверикс освоена 2011 година.

Германецот беше и МВП во финалето таа триумфална сезона, баш како и најкорисен играч во регуларниот дел од 2007 година, што секако го става во ранг на најголемите во историјата на овој клуб.

– Лука е одличен играч, но клучот е во континуитетот. Сум гледал доста момчиња кои играат одлично првите четири години и потоа ги нема никаде. Тој сега игра во друга ера и тоа е една од разликите, значи, мислам дека се уште не можете да го споредувате со Новицки. Тој е одличен играч, но дали навистина е подобар од Дирк Новицки? Не би рекол, или пак е прерано за тоа да се зборува, порача Онил.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО