СПОРТФУДБАЛ

Навредлив банер, Думфрис ќе биде казнет од Фудбалската Федерација

Фудбалската Федерација на Италија отвори истрага против Дензел Думфрис откако дефанзивецот на прославата на Интер вееше знаме на кое со ланец како куче го држи играчот на Милан, Тео Ернандез.

Интер синоќа го славеше 20. Скудето, на улиците во Милано имаше преку 300.000 навивачи на нероазурите, а повеќе од 20.000 беа на плоштадот. Во текот на прославата Думфрис од навивачите зема знаме на кое беше тој како го држи Тео Ернандез за ланец, фудбалерот на Милан беше во форма на куче.

Поради овој навредлив банер, Думфрис веројатно ќе биде казнет од Фудбалската Федерација на Италија.  Се очекува казната да биде само парична. Слична како онаа на Џанлука Манчини кој неодамна беше казнет со 5.000 евра поради тоа што вееше навредливо знаме за Лацио.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button