Поврзете се со нас

НБА

Американците без милост: НБА доживотно суспендираше играч на Торонто (Фото)

Објавено

на

Foto:www.nba.com

НБА лигата е тело кое беспрекорно функционира со децении наназад, а Адам Силвер отсекогаш знаел како да ги брани интересите на брендот кој самиот тој го промовира повеќе од 30 години.

Најсилната кошаркарска лига во светот има нулта толеранција за дискриминирачки и неетички потези, а доказ за тоа добиваме и со случајот на Џонтеј Портер кој денеска доби доживотна забрана за играње во НБА лигата.

Кошаркаркот на Торонто се најде во центарот на вниманието поради обложувачкиот скандал кој стана актуелен пред неколку недели, но денеска стана јасно дека водечките луѓе на лигата утврдиле нерегуларности.

Истрагата покажала дека Портер се обложувал на натпревари на кои играл самиот тој, односно уплаќал огромна сума на пари преку свои пријатели за бројот на поени кој ќе го постигне на еден меч. Всушност, посебно високи уплати биле забележани на два натпревари (26-ти јануари и 20-ти март), на кои Портер намерно излегувал од игра со цел да остане под дадената граница за постигнати поени во обложувалниците.

– Ништо не е поважно од заштитата на интегритетот во НБА лигата, тука пред се мислиме на нашите фанови, на клубовите и на сите кои се поврзани со нашиот спорт. Поради тоа, срамното кршење на правилата на Портер е казнето на најстрог можен начин, – порачува Адам Силвер.

Во официјалнот соопштение за Портер посебно се потенцира доживотната суспензија, но НБА додава дека истрагата ја продолжуваат федералните власти, кои можат дополнително да го гонат кошаркарот за злоупотреба на својата работна дејност.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни