Затнати уши може да бидат скриен знак за рак

Карциномите на главата и вратот ги погодуваат устата, носот и грлото и се сè пораспространети. Cancer Research UK вели дека стапките на инциденца се зголемиле за една третина од раните 1990-ти.

д-р. Јири Кубес сподели неколку помалку познати симптоми на рак на главата и вратот, кои е важно да се забележат што е можно порано за да се има подобар исход.

„На пример, постојаните затнати уши или постојаната болка во увото може да биде знак дека има рак во и околу областа. Отокот во пределот на вратот исто така може да биде показател за рак, како и воспалени непца, рани и забоболка или бели или црвени дамки во устата“, вели д-р Кубес.

Болката во грлото што трае подолго од две недели, како и секоја промена во гласот или засипнатост, е црвен аларм.

Експертите велат дека шансите за излекување се 90 отсто доколку дијагнозата се постави во рана фаза на болеста. Доколку дијагнозата се постави доцна, шансите се намалуваат за 40 проценти.