Биљали: Не може долготрајно Македонија и Албанија да бидат врзани како сијамски близнаци, загубивме 11 години додека Груевски импровизираше

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Аналитичарот Мерсад Биљали вечерва во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 истакна дека не може долготрајно Македонија и Албанија да бидат врзани како сијамски близнаци.

Според него, ќе се размислува за дистинкција.

„Реално мислам дека практиката е докажана во тоа, ние чекавме 11 години дека Груевски ќе го реши името дури импровизираше средби, но реално не се направи ниеден чекор. Ние изгубивме 11 години и се најдовме уште понаназад“, вели Биљали.