Тенисерите на Канада и Австралија ќе се борат за титулата во годинешното издание на Дејвис купот кое е на програмата денеска од 13 часот во Малага.

Во второто полуфинале синоќа Канада со пресврт триумфираше во дуелот против Италија, која поведе со 1-0, но Феликс Оже-Алијасим израмни на 1-1, а потоа во игра на двојки со Васек Поспишил и го донесе на својата репрезентација решавачкиот бод.

Претходно, Австралија во првото полуфинале ја совлада Хрватска со 2-1.

Австралијците по 48 пат ќе играат во финале на Дејвис купот, но прв пат од 2003 година кога ја освоија последната од своите 28 титули.

Канада по втор пат е во финале на Дејвис купот.

Во своето прво финале во 2019 година загубија од Шпанија во Мадрид.


Администратор
27/11/2022 12:30