Белингем со постави високи цели – два трофеи со Реал и европска титула со Англија

Фудбалерот на Реал Мадрид, Џад Белингем си постави високи цели до крајот на актуелната сезона, посакувајќи со Кралскиот клуб да го освои шпанското првенство и Лигата на шампиони, а со Англија да триумфира на претстојното Европско првенство, објави денеска Евроспорт.

Реал Мадрид во неделата го совлада директниот конкурент Барселона и дојде на чекор до освојување на шпанската титула, а неколку денови претходно го симна од европскиот трон Манчестер Сити во Лигата на шампионите и се пласираше во полуфиналето.

„(Трите трофеи) е нешто што многу го посакувам. Се уште ни претстојат уште неколку натпревари во Ла Лига, а не не очекуваат и многу тешки пресметки против Баерн Минхен. Што се однесува до Евро 2024 – се надевам дека ќе бидам во одлична форма“ рече Белингем, по вчерашната церемонија на доделувањето на наградите на Светската спортска академија Лауреус.

Белингем постигна 21 голови на 36 натпревари за Реал Мадрид откако минатото лето дојде во Кралскиот клуб за 103 милиони евра од Борусија Дортмунд.

Back to top button
Close