Габриел Жесус не ги оправда очекувањата во Арсенал по трансферот од редовите на Манчестер сити. Голгетерот има само четири погодоци сезонава, а менаџерот Микел Артета во нападот повеќе му верува на Каи Хаверц.
Шпекулациите велат дека „топчиите“ летово ќе се обидат да го продадат Бразилецот и потоа парите да ги реинвестираат во нов напаѓач. Наводно прв на листата на желби на Артета е голгетерот на Болоња, Џошуа Зиркзе.
Неговата цена на трансфер-пазарот изнесува 50 милиони евра, а Арсенал е подготвен да ја плати оваа сум. Интерес за холандскиот интернационалец има и од Милан и Јувентус, но 22-годишникот преферира трансфер во Премиерлигата.