Денес роденден слави нашиот истакнат драмски автор Дејан Дуковски

Дејан Дуковски е роден во Скопје на 25 април 1969 година. Тој е истакнат македонски драмски автор. Дипломира драматургија на Факултетот за драмски уметности во Скопје (1990). По дипломирањето работи како драматург во Македонската радио-телевизија (1990-1993). Во 1993 година на ФДУ е избран за асистент по предметот филмско и телевизиско сценарио, а од 1996 година е доцент на Катедрата за драматургија.

Книжевно творештво (драми);


  • „Балканска гротеска“ (1988)
  • „Последниот балкански вампир“ (1989)
  • „Силјан штркот шанца“ (1991)
  • „Џинот и седумте џуџиња“ (1991)
  • „Балканот не е мртов“ (1992)
  • „Буре барут“ (1994)
  • „Маме му ебам кој прв почна“ (1996)
  • „Другата страна“ (2003)
  • „Празен град“ (2007)

Ги напишал сценаријата за играните филмови Светлосиво“ (1993) и „Буре барут“ (1995).

Според сценариото на „Буре барут“ е снимен игран филм, копродукција на продуцентските куќи од Македонија, Франција, Германија, Турција, Југославија и од Грција. Филмот учествува на познати светски фестивали и ги добива наградите: FIPRESCI – награда од критиката на Фестивалот во Венеција (1998); Награда на Европската асоцијација на критичарите (Лондон, 1998); Гран-при на Фестивалот во Анталија, Турција (1998); Награда,„Бронзена камера 300“ на Меѓународниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“ (Битола, 1998); Гран-при на меѓународен филмски фестивал (Хаифа, Израел, 1999). „Буре барут“ е најпоставуваниот драмски текст на Дуковски и е изведуван во Грција, Јапонија, Германија, Хрватска, Данска, Холандија, Шведска, Бугарија.


Добитник е на следните награди:

  • Награда за најдобар современ драмски текст на Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, за драмските текстови „Балканот не е мртов“ (1993) и „Буре барут“ (1995);
  • Гран-при на меѓународниот театарски фестивал БИТЕФ за драмскиот текст „Маме му ебам кој прв почна“ (Белград, 1997)

Среќен роденден Дејан ти посакува редакцијата на Екран.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Сеќавање: 4 години без нашиот композитор, пејач и телевизиски водител Драган Вучиќ

Драган Вучиќ е роден во Скопје на 6 септември 1955 година. Тој беше познат македонски …