Лапорта нервозен по нерешениот резултат со Гранада

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта бил лут на резултатот од натпреварот со Гранада (3:3) во 24. коло од шпанското првенство, јавуваат медиумите од Каталонија.
Според изворот, Лапорта е виден како нервозно реагира и фрла чинии со колачи во претседателската ложа.
Во моментов, Барселона е на третото место во шпанското првенство со 51 бод. Тимот заостанува 10 бода зад водечкиот Реал Мадрид.
Гранада пак е аутсајдер во шпанското првенство. Тимот е на претпоследното, 19. место во поредокот, со 13 бодови.Во следното коло од шпанското првенство Барселона ќе ја пречека Селта. Натпреварот ќе се одигра на 17 февруари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО