Репрезентација
Мерко го објави списокот со повикани фудбалерки за квалификацискиот турнир во Молдавија
Младата женска репрезентација на Македонија до 19 години во периодот од 3 до 9 април ќе биде учесник на квалификацискиот турнир во рамките на втората рунда од Б лигата кој ќе се одржи во Молдавија.
Нашите млади фудбалерки се наоѓаат во групата 1 и за противници ги добија домаќинот Молдавија, Литванија и Велс.
Во воведното коло од квалификацискиот турнир, играме против Молдавија. Натпреварот на програмата е закажан на 3. април со почеток во 12. часот.
Три дена подоцна силите ќе ги одмериме со селекцијата на Литванија, исто така со почеток во 12. часот.
Во последното коло, младата македонска женска репрезентација ќе се соочи со Велс, на 9. април, исто така во 12. часот.
Селекторот на женската репрезентација на Македонија до 19 години, за претстојниот квалификациски турнир, се одлучи да ги повика следните фудбалерки:
ГОЛМАНИ:
Кристина Павлоска Шкендија
Натали Талевска Топ Гол
ОДБРАНА:
Еда Далипи Ас Јунајтед
Матеа Блажеска Љуботен
Стефанија Веселинова Каменица Саса
Слаѓана Ѓорѓиева Тиверија
Ива Јованоска Љуботен
Катарина Петкова Истатов
СРЕДИНА:
Сара Мена Ас Јунајтед
Симона Меијер Макаби, Израел
Теодора Далчевска Ас Јунајтед
Јована Павловска Тиверија
Ивана Милевска Топ Гол
Ива Јосифова Тиверија
Сара Стефановска Топ Гол
Ана Боризовска Речица
Сара Дика Ас Јунајтед
НАПАД:
Веса Села Ас Јунајтед
Билјана Панеска Тиверија
Ева Андонова Каменица Саса
Селекторот Астрит Мерко денеска и официјално во 15. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски” ќе ги започне подготовките за квалификацискиот турнир во рамките на втората рунда од Б лигата кој ќе се одржи во Молдавија.
-
Шпанијапред 23 часа
Андонова со два гола ја реши Севилја (ВИДЕО)
-
АТПпред 23 часа
Надал: Многу ми значи оваа победа, но…
-
Македонијапред 21 час
Пелистер со ефикасно издание до победа над Пролет
-
Англијапред 19 часа
Челси даде гол за трилер победа на „Вила Парк“, па ВАР ги потопи избраниците на Покетино (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 9 часа
Валверде конечно го прекина молкот и откри зошто одбил да шутира пенал против Сити
-
Италијапред 20 часа
Лацио влезе во победничка серија во Калчото (ВИДЕО)
-
Англијапред 8 часа
Тен Хаг со невообичаена констатација: Јунајтед е најзабавен тим во Премиер лигата
-
НБАпред 8 часа
Јокиќ по поразот од Лејкерс: Научив една работа од коњските трки (Видео)