ПСЖ е упорен, со висока понуда сака да го задржи Мбапе

Раководството на францускиот гигант Пари Сен Жермен ќе се обиде со ексклузивна понуда од повеќе од 80 милиони евра годишно да ја задржи својата ѕвезда Килијан Мбапе , а тоа би бил договор на уште две сезони. Оваа информација ја објави весникот „Ле Паризиен“. Во информацијата  се вели дека Парижаните продолжуваат да имаат сериозни надежи дека ќе успеат да го задржат напаѓачот извесно време во своите редови.

Причината за нивниот оптимизам произлезе од информацијата дека Реал Мадрид е решен да не му понуди на Мбапе многу висока финансиска понуда. Уште пред неколку недели, друг француски медиум исто така објави дека понудата на ПСЖ е спектакуларна и дека ниту еден друг клуб не може да се доближи до неа.

Понудата на Реал Мадрид нема да ги надмине сегашните услови на договорите на Винисиус Жуниор и Џуд Белингем, кои се најскапо платените на „Сантијаго Бернабеу“. Различни медиуми во последните недели пишуваа дека понудата ќе биде околу 30 милиони евра годишно.

Мбапе и неговите претставници продолжуваат да водат различни разговори и допрва треба да се донесе конечна одлука, а не е јасно дали има конечен датум за одлука, иако претходно се тврдеше дека сакаат цврст одговор до крајот на јануари.

ПОВРЗАНИ НОВОСТИ





НАЈНОВО