ПРЕДИЗВИКА БРОЈНИ КОНТРОВЕРЗИ – Моделите на модната ревија носеа ФУСТАНИ ПРЕВРТЕНИ НАОПАКУ (ФОТО)

Неделата на висока мода продолжува, а со тоа и изненадувањата што дизајнерите ни ги приредуваат.

Следни на листата се Viktor & Rolf со нивната пролет/лето колекција наречена Late Stage Capitalism Waltz. (Валцер во доцниот капитализам)

Самото име донакаде ги појаснува дизајните, но за дел од нив постојат само два збора – мода наопаку.

Фустани што “лебдат” и висат, тоалети што завземаат дијагонални позиции, создавајќи чувство на апстрактен надреализам ги разнишаа и така непостоечките граници на креативноста во модата.

Виктор Хорстинг и Ролф Снорен вчера дефинитивно го имаа својот WOW момент во хотелот Le Grand во Париз.

Она што започна како вообичаена ревија на елегантни фустани од тул прогресираше во нешто сосема неочекувано, буквално вртејќи им ги главите на сите присутни.

Врв на сето шоу беше фустанот што беше навлечен на половината на моделот и целосно свртен наопаку.

На моменти изгледаше дека дизајнот е пренагласен моден додаток, а корисниците на социјалните мрежи не заостанаа со коментири кои варираа од апсурдно до генијално лудо.