Top
Dneven_horoskop_na_iLike_mk

Хороскоп за вторник (23.04.2024)

ОВЕН
Искористете го позитивното расположение и позитивниот однос кон околината за некоја тимска работа. Вообичаено, вие не можете да функционирате како поединка, но истовремено сте и малку напорни за околината. Бидејќи денес не е така, дружете се, соработувајте и љубете. Сè ќе ви биде возвратено. Ќе имате успех и ќе бидете презадоволни.

БИК
Сите ваши мисли се насочени кон вредностите. Бидејќи вредоностите се широк поим, некои припадници од овој знак ќе бидат фокусирани кон парите, а други, кон пронаоѓање морални и интелектуални квалитети. Денес имате голем апетит, изразена склоност кон благи, а со тоа и зголемена можноста за висок шеќер во крвта – контролирајте се!

БЛИЗНАЦИ
Уметничкиот аспект од вашиот карактер е особено изразен, а со тоа и желбата за задоволување на креативните потреби. Но, како тоа ќе ви тргне од рака? Сè е индивидуално, па водејќи се од својата интуиција, ќе се обидете да реализирате дел од својот талент. Не постојат Близнаци без талент, само поради трка со времето дел од нив не се реализираат. Успорете го темпото!

РАК
Интелектуалниот аспект од вашиот карактер е најизразен, како и желбата што е можно повеќе да научите, осознаете и реализирате. Со самото тоа и ризикот од површност е зголемен. Не можете да функционирате беспрекорно и на квантитативен и на квалитативен сегмент. Фокусирајте се на квалитативните аспекти, и така не сте личност која е во постојана трка со времето.

ЛАВ
Денес уживајте во сопствениот сјај. Оптимиста сте и расположени за прифаќање на убави нешта. Можности за напредок на работното место постојат. Водете повеќе сметка за сопствената исхрана, како и законските прописи. Посветете поголено време и внимание на вашиот партнер.

ДЕВИЦА
Своето внимание посветете го на убавите нешта, пред сè на љубовта и уметноста. Па има ли нешто поубаво од тоа? Повеќето припадници на овој знак веќе уживаат во љубовта. Топол совет: не се оптеретувајте со прашања “што би било – ако би било”, туку целосно опуштете се и уживајте. Енергијата која ја трошите за анализи, насочете ја кон љубената личност.

ВАГА
Доколку ви се укаже можност да заминете на некое кусо патување, прифатете без двоумење. Токму тоа патување ќе ги задоволи вашите моментални потреби за промена. Со читање на адекватна литература обидете се да најдете одговор на проблемите кои ве мачат. Овој ден е погоден за секој сегмент од животот. Не пропуштајте ништо!

СКОРПИЈА
Изразено ниво на нервоза и немир. Доколку некој се обиде да го омаловажи вашиот труд и работа, вие ќе преќутите и ќе се нервирате во себе, бидејќи немате сила да му се спротивставите. Но, доколку тоа биде некоја ваша блиска личност – тешко неа. Сиот свој бес ќе го истурите врз таа личност. Можни се кавги со партнерот.

СТРЕЛЕЦ
Во прв план е оптимистичкиот пристап кон сите животни аспекти. Ова и не така често се случува, па затоа искористете го ова поволно влијание и максимално “профитирајте”. И конечно, елиминирајте го негативниот пристап на една дамнешна ситуација која ја третиравте како нерешлива. Сè можете да решите доколку сакате!

ЈАРЕЦ
Имајте на ум дека некои зборови можат да звучат убиствено, бидејќи можно е да се најдете во многу непријатна ситуација. Денес сте расположени за кавги и конфликти, буквално барате “влакно во јајце” за да избие проблем. Но, до кога? Веројатно додека не ги решите личните проблеми и незадоволства. Побарајте и стручна помош доколку не можете сами.

ВОДОЛИЈА
Хиперактивни сте и комуникативни, над сите очекувања. Некои одамна би се откажале да се на ваше место, но вие и понатаму си терате по свое. До израз доаѓаат сите ваши квалитети, особено организаторскиот талент. Доколку дојде до некои ситни препреки од страна, воопшто нема да им дадете на значење, бидејќи сте сигурни дека ситуацијата е под контрола.

РИБИ
Поминувате низ, за вас својствена, ментална, емотивна и физичка криза. Ситуацијата од вас бара одлучност, која за жал, ја немате. Од мал луѓе имате помош, но поддршка од никого. Најмногу ве боли што луѓето за кои несебично се дававте сега ви свртеа грб. Но, тоа е нормална работа која морате да ја прифатите.




Оставете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Вие можете да ги користите следните HTML ознаки: <a href="" title=""> <abbr title=""> <acronym title=""> <b> <blockquote cite=""> <cite> <code> <del datetime=""> <em> <i> <q cite=""> <strike> <strong>