Полна Месечина во Лав на 5 февруари: Што им носи на хороскопските знаци?

Полната Месечина во Лав е интензивна, но бара од вас да го покажете сиот свој сјај.

Photo by malith d karunarathne on Unsplash

Што им носи на хороскопските знаци?

Овен

Романсата се вжештува во вашиот живот, а вие станувате поетични и подготвени да ги покажете своите емоции, без оглед на вашиот статус. За некои Овни, тоа значи романтична вечера, а за други изјава на љубов кон личноста која ви се допаѓа подолго време. За други пак, можеби е можност да прочитате романтична книга или да изгледате романтичен филм. Изборот е ваш, но љубовта е во воздухот.

Бик

За родените во овој знак, полната Месечина е период за рефлексија. Растот е потребен и неопходен, но вие често се плашите од промените и решавате да стоите во место, каде се чувствувате најдобро. Но, овој транзит ве поттикнува да се насочите кон трансформацијата и да се препуштите на промените.

Близнаци

Близнаците ќе се фокусираат на ново хоби или страст, насочувајќи се целосно кон деталите. Вашата енергија е одлична, па затоа искористете ја за добро, нешто што ќе ве исполни  и направи среќни. Најдете време за малите нешта.

Рак

Потребна ви е сигурност во вашиот живот, а во тоа ќе ви помогнат вашите најдобри пријатели. Потпрете се на нив и на поврзаноста која ја имате, особено со оние кои ви се најблиски. Не се плашете да побарате помош или пак да споделите дека само сакате да бидете ислушани. Тие се тука за вас.

Лав

Сега не е време да се криете во сенките. Оваа месечина е во вашиот знак, а таа свети силно за вас. Дозволете си да бидете искрени, да го споделите она што го имате во себе и да им дозволете на другите да ве разберат целосно. Тоа ќе ви помогне и самите да дојдете до јаснотијата која ви е потребна.

Девица

Фокусирајте се на себе за време на оваа полна Месечина. Ако имате можност, цртајте, медитирајте, размислувајте. Препуштете се на малите уживања со цел да се ослободите од негативните мисли и да си ја повратите убавата енергија. Ова е време само за вас.

Вага

Кои се луѓето кои ви се најблиски? Кому верувате највеќе? Ова се важни прашања кои треба да си ги поставите себеси за време на полната Месечина. Дајте им љубов на оние кои го заслужуваат тоа, а кажете им збогум кои се тука, но никако не придонесуваат кон вашата среќа.

Шкорпија

За родените во овој знак, полната Месечина е во знакот на кариерата. Подобрете ја својата биографија, или пак разгледајте нови работни места, ако ви се потребни промени. Големи се шансите некој да ве побара за нова или дополнителна работа, поради вештините кои ги поседувате.

Стрелец

Вашите погледи се менуваат, давајќи ви можност да ги видите работите од нова перспектива. Ова е сосема нормално, колку и да ви изгледа чудно, бидејќи сте навикнати на поголема спонтаност. Полната Месечина ве турка кон непознатото, па затоа имајте отворен ум и подгответе се за еволуција.

Јарец

Верувајте и на својата интуиција. Таа ви покажува каков е светот околу вас. Некои Јарци би можеле да откријат вистини кои не се подготвени да ги слушнат. Подгответе се да научите нови лекции во процесот.

Водолија

Потребна ви е поврзаност. Испланирајте излегување со вашите пријатели или симпатија. Тргнете на прошетка и разговарајте долго. Она што вам ви треба највеќе е значаен разговор, да слушате, но и да бидете слушнати.

Риби

Направете листа на работите кои треба да ги завршите и приоритизирајте го она што е важно. Потребна ви е малку организација во вашиот живот за да го исполните она што го имате на ум, но и да ги завршите неопходните обврски.