Младата чешка тенисерка, Никола Бартункова (18), е суспендирана поради кршење на правилата за допинг, соопшти Единицата за интегритет на ИТФ.

Минатогодишната финалистка на Вимблдон во јуниорска конкуренција двапати беше позитивна на триметазидин, прво во февруари, а потоа и во март.

Триметазидин е метаболички модулатор кој понекогаш се користи во терапија за срцеви заболувања, а Бартункова нема лекарски рецепт и нема основа за користење на оваа супстанција.