Регион

Денеска се одржа 35-та седница на Советот на општина Струмица

На денешната 35-та седница на Советот на општина Струмица беа усвоени кварталниот извештај за извршување на Буџетот за четвртиот квартал од 2023 година, годишниот извештај и предлог – завршната сметка на Буџетот на општина Струмица за 2023 година.

Вкупните приходи во Буџетот за минатата година имаат реализација од 82,65 проценти од планираните, а расходите имаат реализација од 90, 71 процент.

На седницата беа усвоени и извештаите за работа и годишните сметки на јавните претпријатија „Комуналец“, „Струмица гас“, Паркиралишта – Струмица“, „Струмица – транспорт“, „Стационар Лана“, на градинките „Виножито“ и „Детска радост“, на отворениот граѓански универзитет „Јоска Свештарот“, домот за деца и млади „Благој Мучето“ и на библиотеката „Благој Јанков Мучето“.

Беа донесени и одлуки за поставување на контејнери од 1,1 метри кубни за физички и правни лица и поставување на полуподземни контејнери од 5 метри кубни на повеќе локации во градот, како и одлука за утврдување на режим на сообраќај за туристички воз.

Меѓу усвоените се и одлуките за продолжување на работното време на угостителските објекти, определување на места за истакнување плакати за Парламентарните и Претседателските избори 2024 година во општина Струмица, утврдување на приоритет и сопствено учество на Проект за „Санација – покривање на кров, изработка на термо фасада и доградба на отворени занимални на објект – Клон 6 на градинката „Детска радост“ и за спроведување на превентивна дезинсекција, дезинфекција и дератизација на подрачјето на општина Струмица за 2024 година.

Советниците зелено светло дадоа и за Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на општина Струмица во 2024 година, Програмата за дополнување на Програмата за изработка на урбанистички планови и за дополнување на Програмата за уредување на градежното земјиште на подрачјето на општина Струмица за 2024 година.

Препорачуваме:

Костадинов: Почнуваме со рушење на дивоградбите над новите турски гробишта

Ќе се гради експресен пат Струмица – Валандово – спој со А1 во должина од 25 километри

Стојне Митева

Струмичките гитаристи меѓу најдобрите на натпреварот во Ниш

Сузана Мицева