Ѓоковиќ призна: Синер беше предобар

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ изјави дека е задоволен од својот настап на Мастерсот во Шангај, додавајќи оти Италијанецот Јаник Синер бил подобар во денешното финале и заслужено ја освоил титулата.
„Задоволство е да се биде во Шангај, имав многу успеси на кинеско тло во текот на мојата кариера, не сум играл овде веќе пет години и ми недостигаше тоа. Му честитам на Јаник, беше предобар. Имаше исклучителна година и го заслужи ова“, изјави Ѓоковиќ по натпреварот.
Во финалето Ѓоковиќ загуби од Синер со 6:7, 3:6 и остана на четири трофеи во Шангај.
Српскиот тенисер првпат во кариерата беше поразен во финалето на Мастерсот во Шангај.
Синер ја освои својата седма титула оваа сезона, од која трета на мастерс турнирите
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…
ЃОКОВИЌ ЌЕ ГО ОПЕРИРА КОЛЕНОТО И ГО…
Новак Ѓоковиќ ќе го оперира повреденото десно…
СПЕЦИЈАЛЦИ УПАДНАА НА ТРЕНИНГ НА НОВАК, ПРОВЕРУВААТ…
Најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ денеска игра…
Ѓоковиќ против Синер за најголемата награда во…
Новак Ѓоковиќ и Јаник Синер вечерва ќе…