Search
Пријатна атмосфера и прекрасни луѓе се клучните нешта кои го дефинираат локалот JaZzy

Во JaZzy се одржа концертна промоција на Transmarginal Beverly Hills

Вчера вечерта (27.03.2024) се одржа концертна промоција на новиот албум Transmarginal Beverly Hills, на триото Филип Букршлиев, Константин Хаџи Коцев и Нинослав Спировски. Овие тројца млади музичари вешто ја изразија нивната авангардна џез музика. Албумот прво беше извведен во клубот JaZzy една мајска вечер во 2023г. а официјално беше снимен и издаден пред само неколку денови за новото музичко издаваштво – „Аксиома“.
Албумот можете да го купите овде.

На овој албум, тројцата мајстори спојуваат три инструменти кои не се традиционални за „трио“ групирање.

Иако „никнал“ при спонтана дружба, албумот оддава чувство на професионалност.

Концертот беше посветен за покојниот Мирко Попов, кој поддржувал авангардна, невообичаена музика и млади креатори, токму како ова трио.

Албумот не би имале прилика да го слушнеме без организацијата и просторот овозможени од Зафир Шуманов. Тој е љубител на авангардата и неговиот локал (JaZzy) служи како платформа каде што сите креативци можат да се изразат. Благодарение на луѓето како Зафир Шуманов можеме да очекуваме уште многу вакви урбани настани во иднината.

Најново

Последни колумни