Connect with us

Банки

Оглас за вработување во НЛБ Банка АД Скопје

Објавено

на

Млади ентузијасти со или без работно искуство, НЛБ Банка АД Скопје ве мотивира да аплицирате на огласот за работа во експозитурите на Банката, во Деловниот сектор за управување со продажна мрежа за следнава работна позиција:

Банкарски комерцијалист

Вашите работни цели:

  • Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;
  • Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;
  • Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa;
  • Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;

Потребни квалификации и компетенции:

  • Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии;
  • Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;
  • Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;
  • Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;
  • Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик.

Мотив да се придружите на НЛБ тимот:

  • Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;
  • Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;
  • Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;
  • Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди;
  • Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;
  • Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување и трет пензиски фонд).

Потврди го твојот интерес со доставување на мотивациско писмо и кратка биографија (CV) на: NLBKariera@nlb.mk, со назнака за: “Банкарски комерцијалист”, најдоцна до 01.03.2024 година

Банки

Средба Ангеловска-Бежоска − Камер: Претпазливите политики на Народната банка клучни за одржувањето на макроекономската стабилност

Објавено

на

Претпазливата монетарна политика и макропрудентата политика, како и зголемената транспарентност на Народната банка одиграа клучна улога во одржувањето на макроекономската стабилност. Во првиот квартал од оваа година, инфлацијата беше сведена на едноцифрено ниво од 3,4%, девизните резерви и натаму се зголемуваат достигнувајќи ниво коешто е повисоко за 30% во однос на периодот пред пандемијата, а финансиската стабилност беше дополнително зајакната. Ова беше посочено на средбата помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и директорот на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за Европа, Алфред Камер, на маргините на Конференцијата од високо ниво во организација на централната банка на Словенија и ММФ, којашто се одржува во Порторож, Словенија.

Камер истакна дека претпазливите политики на Народната банка беа клучни за соодветно надминување на кризниот период и важно е да се продолжи на тој начин. Ова ја нагласува важноста од зачувување на независноста на централната банка.

Гувернерката посочи дека, во период од една година, инфлацијата петкратно се намали и се сведе на пониски едноцифрени стапки, додека јазот помеѓу домашната и инфлацијата во еврозоната значително се намали. Истовремено, и покрај затегнувањето на монетарната политика, стабилноста на домашниот банкарски сектор беше зачувана, а истовремено беше зголемена отпорноста со преземањето на макропрудентните мерки од страна на централната банка. Во изминатите неколку кризни години, показателите покажуваат дека адекватноста на капиталот е на највисоко ниво во изминатите 17 години, додека нефункционалните кредити се блиску до историски најниското ниво. Кредитната активност, иако во еден период забави, и натаму претставува значителна поддршка за домаќинствата и за корпоративниот сектор. 

Гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност до г. Камер за значајната поддршка којашто ММФ ѝ ја дава на Народната банка во справувањето со неодамнешните незапаметени шокови.

Продолжи со читање

Банки

Народната банка ги презентира макроекономските проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации

Објавено

на

Гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка пред дипломатскиот кор и пред претставниците на меѓународните институции. На настанот, којшто се организира редовно, по секој нов циклус макроекономски проекции на Народната банка, присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Светската банка (СБ), Делегацијата на ЕУ (ДЕУ), Обединетите нации (ОН), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), како и на дипломатските претставништва на Бугарија, Кина, Косово, САД, Словачка, Унгарија, Холандија, Швајцарија, Шпанија и Шведска.

Во презентацијата беше наведено дека се предвидува натамошно забавување на инфлацијата, којашто минатата година се сведе на едноцифрено ниво, во согласност со остварувањата во првиот квартал оваа година, со просечна годишна стапка од 3,4%, коишто се пониски од октомвриските проекции. Се предвидува дека просечната инфлација за 2024 година ќе забави сведувајќи се на 3,5%, од 9,4% минатата година, одразувајќи го натамошниот пад на цените на нафтата и храната на светските пазари, забавувањето на странската ефективна инфлација, како и затегнатите финансиски услови. На среден рок, се очекува натамошно забавување на инфлацијата и нејзино сведување на историскиот просек од околу 2%.

Сепак, ризиците околу инфлацијата сѐ уште постојат и се поврзани главно со цените на примарните производи, промените на регулираните цени, како и со политиките на страната на побарувачката. Притоа, гувернерката истакна дека засега е задржана определбата за претпазливост во монетарната политика, а идните промени ќе зависат од трендовите на девизниот пазар и движењето на инфлацијата и инфлациските очекувања, како и од поставеноста на ЕЦБ.

Осврнувајќи се на останатите макроекономски показатели, гувернерката посочи дека при раст на глобалната економија, а особено на нашите трговски партнери, се очекува дека македонската економија ќе расте со стапка од 2,6% оваа година и 3,6% во следната година, а потоа растот умерено ќе забрза на среден рок. При проектирани солидни нето-приливи на финансиската сметка, коишто би го надминале умерениот дефицит на тековната сметка, се очекува натамошен раст на девизните резерви, како гаранција за стабилноста на девизниот курс.

Глобалните услови и натаму се неизвесни и непредвидливи, што создава ризици за економскиот раст, инфлацијата и екстерната позиција, нагласувајќи ја потребата за водење претпазливи домашни макроекономски и структурни политики. Народната банка внимателно, на дневна основа, и натаму ќе ги следи макроекономските податоци и ризиците и како и досега, ќе ги презема сите неопходни мерки, користејќи ги сите расположливи инструменти, заради одржување на стабилноста на девизниот курс и стабилизирање на инфлацијата на среден рок.

Продолжи со читање

Банки

Над 130 македонски компании на прва средба со Лидл за можна соработка

Објавено

на

Над 130 компании од Северна Македонија денеска беа запознаени со можностите за соработка со Лидл. Овој тип на соработка со локални компании е еден од основните постулати на Лидл во секоја земја каде работи. 

Основната идеја на Лидл во сите земји во кои е присутен, претставува развој на локалните производствени капацитети и заеднички раст и развој со нашите локални партнери, и иако Лидл Северна Македонија се уште не е целосно оперативен, овој процес веќе активно функционира. Во октомври минатата година започнавме со проект за промоција на македонски традиционални производи во Лидл Србија и Лидл Бугарија, каде ги претставивме македонскиот ајвар, пастрмајлијата, кочанскиот ориз, тиквешкото вино, македонското јагне и многу други производи. Извозот кој ќе го реализираме преку Лидл Северна Македонија до крајот на 2024 година само во овие две земји е во вредност повеќе од 2.000.000 евра илираст од четири пати во однос на минатата година. Вкусот на македонското овошје и зеленчук го направивме достапен до потрошувачите на Лидл во Србија, Бугарија, Романија, Полска, Чешка, Словачка и Германија. Од април 2023 до март 2024 година беа извезени преку 3 600 палети овошје и зеленчук. Во рамките на календарската 2024 година со нашите локални добавувачи планираме извозот на овошје и зеленчук да достигне 4 500 палети. Наведените примери и резултати се мотивација за нас и движечка сила за понатамошен успех”, изјави Стефан Георгиев, директор на секторот за набавка во Лидл Северна Македонија. 

„Брендот на Лидл е присутен во 31 земја, каде ги задоволуваме потребите на голем број домаќинства. Како лидери во сегментот на секојдневно пазарување поставуваме стандарди кои ќе го зголемат квалитетот на понудата, а во исто време ќе бидеме ценовно конкурентни на пазарот. Но, основно за нас е да се соработува со локалните компании”, додаде Рубријан Хаџиев, генерален директор на Лидл Северна Македонија.

Лидл е дел од групацијата Шварц, присутен во 31 земја, со промет од 114 милијарди евра, 12 200 маркети и над 380000 вработени. 

Во Северна Македонија, Лидл започна со инвестиција – изградба на логистички центар во Куманово.  

Продолжи со читање

Популарно