Спасовски: Ние сме најбезбедна земја на Западен Балкан, со СДСМ граѓаните се на сигурно

Со СДСМ, граѓаните и државата се на сигурно - најбезбедна земја сме на Западен Балкан, во регионот најдобро се справуваме со миграцијата, имаме напредок во борбата против секаков вид криминал, сите показатели велат на добар пат сме и така ќе продолжиме - Силно и одлучно со граѓаните на Штип ги потврдивме овие досегашни резултати, обединети кон нови победи. Ваква порака испраќа министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски преку социјалната мрежа Фејсбук.
 
„И тука можам да кажам дека ветив подобрување на условите за работа на штипската полиција и поквалитетни услуги за штипјани, и тука од 2021 - тоа е реалност со реновираната Полициска станица за безбедност во сообраќајот Штип.
Покажавме со успешното надминување на Ковид кризата во периодот кога ја предводев Владата, и сега со оваа економско-енергетска криза, дека СДСМ знае и умее да води напред во клучни моменти. Го поддржавме стандардот на граѓаните, компаниите, ранливите граѓани… НАТО членка, отворени преговори со ЕУ. Достоинствено ќе бидеме дел од европското семејство, како Македонци. Македонската иднина е европска!“, стои во објавата на министерот Спасовски.

27.11.2022 - 11:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега