Top Sport

Проблем за Њукасл – Гордон го прекршил законот

Њукасл минатата недела за 45 милиони фунти од Евертон го донесе 21. годишниот Ентони Гордон. „Дејли Мејл“ пишува дека Гордон веќе се соочува со првите непријатности, односно дека би можел да заврши во затвор.
Гордон има забрана за возење во наредните шест месеци. Во петокот на тренингот пристигнал со својата девојка, која управувала со автомобилот.

Сега се појавија информации дека претходно, Гордон бил виден во центарот на градот зад воланот на неговиот автомобил, иако немал дозвола.

„Дејли Мејл“, пишува дека законот во Англија е многу строг и нагласува дека на Гордон му се заканува затворска казна до шест месеци доколку се докаже дека се точни наводите.

Полицијата истражува, но засега не соопштува детали.

Scroll to Top