Индиската држава Асам го укинува законот за муслимански брак од колонијалната ера

Индиската сојизна држава Асам го укина 89-годишниот закон со кој им дозволуваше на малолетните муслимани да се венчаат, и покрај противењето на водачите на малцинските заедници кои го нарекоа планот обид да се поларизираат гласачите по верски линии пред изборите.

Властите во Асам, кој има најголем процент муслимани меѓу индиските држави со 34 отсто, претходно изјавија дека сакаат да спроведат единствени граѓански закони за брак, развод, посвојување и наследство, како што направи државата Утараханд претходно овој месец. Низ целата земја, Хиндусите, муслиманите, христијаните и другите групи ги следат нивните сопствени закони и обичаи или секуларен код за такви работи.

Партијата Бхаратија Џаната (BJP) на премиерот Нарендра Моди вети единствен граѓански законик, на кој муслиманите се противат.

Асам го укина Законот за регистрација на муслимански бракови и разводи од 1935 година, кој стапи на сила на 24-ти февруари, напиша главниот министер на Асам, Химанта Бисва Сарма на X во саботата.

„Овој закон содржеше одредби со кои се дозволува бракот да се регистрира дури и ако невестата и младоженецот се под законската возраст од 18 и 21 година. Овој потег означува уште еден значаен чекор кон забрана на детските бракови во Асам“, наведе Сарма.

Запрашан од Reuters дали североисточната држава ќе го спроведе Единствениот граѓански законик пред општите избори закажани за мај, Сарма рече: „Не веднаш“.

Многу муслимани во Асам ги влечат своите корени од соседниот Бангладеш, каде се зборува бенгалски, со мнозинско муслиманско население. Честопати избувнува тензија меѓу муслиманите и етничките асамци, кои главно се хиндуисти.

Муслиманските опозициски лидери рекоа дека укинувањето на законот од колонијалната ера е дискриминаторски.

„Тие сакаат да ги поларизираат своите гласачи со провоцирање на муслиманите, што муслиманите нема да го дозволат“, им рече на новинарите во саботата Бадрудин Аџмал, пратеник од Асам кој го предводи Сеиндискиот обединет демократски фронт, кој главно се бори за муслиманските каузи.