Свет

Бројот на ранети во терористичкиот напад во Москва се искачи на 360, меѓу кои и 11 деца

Бројот на повредени во нападот во концертната сала „Крокус Сити Хол“ се искачи на 360, соопшти денеска медицинската служба.

„Според податоците од утринава, во терористичкиот напад се повредени 360 лица, меѓу кои 11 деца“, се вели во соопштението што го пренесе ТАСС.

Вкупно 92 лица повредени во нападот се хоспитализирани, додека 63 лица веќе се отпуштени од болниците, а 205 се на амбулантско лекување, додаде здравствениот претставник.

Исламската држава ја презеде одговорноста за терористичкиот напад во петокот вечерта во „Crocus City Hall“, во предградието на Москва, во кој загинаа најмалку 139 лица.

Во нападот се уапсени 11 осомничени, меѓу кои и четворица вооружени напаѓачи, кои биле приведени во областа Брјанск, југозападно од Москва, додека се обидувале, како што тврдат руските власти, да побараат засолниште поминувајќи ја блиската украинска граница.

To Top