Реал Мадрид и Баерн Минхен се главни конкуренти во трката по Флоријан Вирц, извонредниот германски репрезентативец кој следното лето речиси сигурно ќе си замине од Баер Леверкузен.
Договорот на Вирц е со важност до јуни 2026 година, „Фармацевтите“ ќе имаат последна можност да го продадат и добро да заработат на голгетерот, а раководството на Реал Мадрид верува дека има „таен адут“ во ракавот за да дојде до потписот на овој одличен фудбалер. Станува збор за Арда Ѓулер, турскиот фудбалски суперталент кој е член на Реал и кој според стилот на игра многу потсетува на Вирц.
„Фармацевтите“ беа загреани за Ѓулер и пред две години, кога тој ги одби и потпиша за Реал Мадрид, но Турчинот не доби премногу шанси да ги покаже своите квалитети во дресот на турскиот клуб. Доаѓањето на Вирц уште повеќе би ја зголемило конкуренцијата за место во напаѓачкото трио, па поради тоа Флорентино Перез планира да го вклучи Ѓулер во понудата за германскиот голгетер.
Баер ќе бара 100 милиони евра за Вирц, а шпанските медиуми најавуваат дека Реал е подготвен да понуди 70 милиони плус Арда Ѓулер, опција што секако ќе биде интересна за актуелниот германски првак. Доколку Баер одбие ваква варијанта, „кралевите“ се подготвени и да го пуштат Ѓулер на едногодишна позајмица во Леверкузен, доколку со тоа би добиле зелено светло за да го потпишат Вирц пред Баерн Минхен.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА