Музика на кирилица

Јоце Панов сними дует со српскиот пејач Дарко Филиповиќ

По успехот на Јоце со последните две песни „Погрешна“ и „Среќа у несреќи“, објавени во соработка со Гранд продукција. Деновиве тој е постојано на релација Скопје-Белград, бидејќи работи на нов проект на големо задоволство на неговата публика.

„Станува збор за дует со Дарко Филиповиќ, кој се прослави во првата сезона на „Ѕвездите на Гранд“, кога освои четврто место во Суперфиналето, а потоа за кратко време постигна голем успех. Песната ќе се вика „Лице у лице“, борбена машка нумера, каде овие два гласа се борат за љубовта на една девојка, па таа сама треба да одлучи помеѓу еден од нив. Спотот ќе се реализира во соработка со Дејан Миличевиќ, а ќе биде објавен многу наскоро“, информираат од тимот на Панов.

Можеби ќе ве интересира: