Се чини дека прашањето околу победникот во Бирмингем е веќе јасен, како и патникот во полуфиналето, откако ПСЖ даде и втор гол. И двата гола дојдоа од бековите на францускиот тим.
Откако Хакими по еден противнапад во 11. минута го донесе ПСЖ до предност, во 28. минута стрелаше и Нуњо Мендеш.
Португалецот погоди максимално прецизно, откако парижаните почнаа една добра акција од десната страна, па Дембеле асистираше до Мендеш кој упати удар, а топката од стативата заврши во голот на Мартинез.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА