Опозицијата бара разрешување на Артан Груб: Со пари на граѓаните финансира десетици портали

Европскioт сојуз за промени го обвинува Артан Груб дека со пари на граѓаните финансирал десетици портали преку кои врши притисок врз судиите, обвинителите и неговите политички противници. Албанската опозиција бара негово разрешување од функцијата прв вицепремиер и министер за политички систем.

Од ЛЕН нагласуваат дека порталите се регистрирани на име на лица блиски до ДУИ и Груби, додека просториите на неговото министерство не се во служба на граѓаните, туку служат како канцеларија на медиумскиот центар на Груби.

„Наместо министерството да го користи во интерес на граѓаните, тој го претвори во пропаганден казан за со клевети да ги напаѓа политичките противници, но не штедејќи ги ниту обвинителите и судиите, како што беше случајот со организираните медиумски напади врз претседателот на Врховен суд, Беса Адеми“.

„Бараме премиерот Димитар Ковачевски веднаш да го разреши Артан Грубин. Ако премиерот молчи, се подразбира дека соработува со Артан Груб и Али Ахмет“, изјави Алби Ќамили, претставник на Европскиот сојуз за промени.