Навивач се соблече по гаќи за да спречи хет-трик на Клајверт, но… (Видео)

Борнмут со 4:2 славеше на гостувањето кај Вулверхемптон, а херој е напаѓачот Џастин Клајверт. Џастин е син на прославениот холандски голгетер Патрик Клајверт кој во кариерата постигна преку 250 погодоци.

Наследникот на Патрик, Џастин Клајверт постина хет-трик во победата на гости кај Вулверхемтон, а интересно е дека сите три погодоци беа од пенали. Во сите три досудени удари од белата точка, Клајверт беше непогрешлив.

Навивачите на домашниот тим на најразлични начини се обидуваа да го деконцентрираат Клајверт, но тој секогаш беше прецизен. При изведувањето на третиот пенал, телевизиските камери забележаа како еден навивач на трибините реши да ги соблече пантолоните и да остане само по каќи како еден вид начин на деконцентрација. Сепак и тоа не беше доволно да се сопре Клајверт во постигнувањето на хет-трикот.

Shoutout to this Wolves fan for a perfect distraction during Kluivert’s penalty pic.twitter.com/p3lHhE0HVA

- Оглас -

Најнови вести