ЗА ОВОЈ ЛИК НЕ ПОСТОЈАТ ЗАКОНИ! Еве што прави синот на кумот на Вучиќ: Возе скапо Ламборџини, фрла пари и живее бурен ноќен живот: “Сега ќе ви покажам како…“ (видео)

Урош Паниќ, синот на Петар Паниќ, поранешниот телохранител на претседателот на „Српската радикална партијаВоислав Шешељ, и кум на претседателот на СрбијаАлександар Вучиќ, често објавува видеа на својот профил на социјалната мрежа ТикТок од неговиот „бурен“ живот. Самата социјална мрежа овој млад лик го третира како потенцијално опасен.

Како што пишуваат соседните медиуми, Урош Паниќ објавил повеќе од 40 видеа за кои социјалната мрежа ТикТок вели дека покажуваат активност што може да резултира со повреда. Покрај тоа, тој објави видео на кое со полициска палка „СТОП“ ги попречува другите учесници во сообраќајот и видео на кое се гледа како заобиколува голема колона автомобили, спротивно на сообраќајните правила и добрите обичаи. Српските медиуми пишуваат дека тој на видеата дава вулгарни коментари за работата на полицијата.

Вака се живее…“, се слуша од Паниќ во едно видео. „Сега ќе ви покажам како да ја избегнете гужвата, вака преку тротоарот“, вели Паниќ во друго видео на кое е прикажано како тој со својот луксузен автомобил вози по тротоарот.

Danas.rs пишува дека Петар Паниќ, таткото на Урош Паниќ, има „прекумерно полициско досие“ и дека се приклучил на „Српската напредна партија“ веднаш по нејзиното основање од Томислав Николиќ и Александар Вучиќ.

Непрофитната организација КРИК Истражувачка мрежа за криминал и корупција напиша дека Петар Паниќ е близок до Земунскиот клан и неговиот водач Душан Спасојевиќ Шиптар и дека поранешниот министер за здравство на Република СрбијаЗлатибор Лончар, еднаш му издал болнички извештаи кои му помогнале да ги одложи судењата во случаите со кои бил поврзан.

Nova.rs пишува дека против Петар Паниќ своевремено биле поднесени 13 кривични пријави и дека му се судело за различни кривични дела – од нанесување телесни повреди до изнуда на пари и недозволено поседување оружје.