Свет

Москва: Се подготвуваат за војна со нас

Москва воведе нови мерки: Ограничено движењето на британските дипломати

Активностите на НАТО во Источна Европа и регионот на Црното Море се насочени кон подготовка за евентуален конфликт со Москва, изјавија за Спутник од Министерството за надворешни работи на Русија.

Министерството укажа на зајакнувањето на воениот потенцијал на блокот во Романија, Полска и балтичките земји. Активностите од овој тип се провокација која поттикнува воена тензија на границите на Русија и создава дополнителна закана за безбедноста на земјата.

„Сето ова има за цел да ги подготви сојузниците на НАТО за потенцијален конфликт со нашата земја“, подвлече руското Министерство.

Како пример ја наведоа милитаризацијата на Источна Европа и регионот на Црното Море со проширувањето на романската воздухопловна база.

Властите на Романија претходно ветија дека ќе инвестираат 2,5 милијарди евра во модернизација на воздухопловната база „Михаил Когелничану“ во областа Констанца. Таму ќе се формира воен град во кој ќе можат да се сместат 10.000 војници и нивните семејства.

Министерството за надворешни работи на Русија соопшти дека ќе ги следи дејствијата на Романија, ќе ги проценува ризиците и ќе ги земе предвид при воените планови.

Москва постојано забележува дека Северноатлантската алијанса е насочена кон конфронтација, а нејзиното натамошно проширување нема да донесе поголема безбедност во Европа. Кремљ нагласи дека Русија не претставува закана за ниту една земја од блокот, но дека нема да ги игнорира дејствата кои се потенцијално опасни за нејзините интереси.

На почеток