Годишната потрошувачка на инфлација во Аргентина се искачи на нов рекорд од речиси 288 отсто во март, покажуваат податоците објавени во петокот.

На годишно ниво инфлацијата во март порасна на ново рекордно ниво од 287,9 проценти , соопшти националниот Институт за статистика.

На месечно нивом индексот на потрошувачките цени (ЦПИ) во март пораснал за 11 отсто во однос на претходниот месец, откако во февруари беше зголемен на 13,2 отсто.

ЦПИ забелеќа пораст од 51,6 проценти во првиот квартал, соопшти Институтот за статистика.

Годишната потрошувачка инфлација во оваа јужноамериканска држава достигна до 276,2 отсто во февруари, а во јануари таа изнесуваше 254, 2 проценти.

Минатата недела Централната банка на Аргентина ги намали каматните стапки на 70 отсто од 80, а тоа е трето намалување на стапките откако претседателот Хавиер Милеи ја презеде функцијата.