Иранскиот ММА-борач, Али Хеибати, е исфрлен од руската организација во „Хардкор фајтинг“ засекогаш, поради мегаскандал. Имено, тој ѝ удри клоца во задникот на девојката што ги означува рундите.

Во обид брзо да ја започне следната рунда, Хеибати се изнервира од тоа што девојката што ги најавува рундите остана толку долго, па реагираше несоодветно.

Кога помина русокосата покрај него, тој ја шутна по задникот.

Сепак, тој ја продолжи борбата со Аркадиј Осипјан од Ерменија и веднаш по мечот доби суспензија.

  • Имајќи ја предвид сериозноста на прекршокот, како и видеата и доказите што ги прегледа здружението, беше одлучено трајно да биде суспендиран Али Хеибати од организацијата „Хардкор фајтинг шампионат“. Мора да се почитуваме едни со други – соопшти руската организација во соопштение.

Иранецот ѝ се извини на девојката, но казната остана.