Промовирани книга, центарско ќоше и испишан рефрен од песната „Скопје“ 

504

Со културно – музички настан, Општина Центар го одбележа на денот на раѓањето на бардот на македонската драма Горан Стефановски во неговото Дебар Маало, пред слаткарницата „Зафир“.

Присутните уживаа во неговите ауди драми, а пред муралот беше промовиран ново испишаниот рефрен од песната Скопје, но и книгата „Пофалба на обратноста и други есеи” од проф- др. Иван Додовски.

Сето тоа беше проследено и со изведба на култните песни на „Леб и сол” од бендот „Сешн Селекшн“.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски на синот на Горан Стефановски, Игор Стефановски му врачи карикатура со ликот на неговиот татко, во чест на неговите безвременски дела со кои пренесуваше универзални пораки за сите граѓани.

-Оставаме видлива трага преку создавање мини културни простори под ведро небо што ќе се користат за промоција на младите и неафирмирани уметници. Овие културни сцени, центарски ќошиња ќе никнуваат низ Центар, збогатени со мурали и графити, ќе ја изразуваат поддршката и трудот што Општината ги вложува во областа на културата – соопштија од локалната самоуправа.