еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Како да најдете работа во Србија и Албанија, почна да функционира мерката “слободен пристап до пазарот на трудот“

Почна да функционира мерката “слободен пристап до пазарот на трудот“ за Македонија, Србија и Албанија во рамки на инцијативата Отворен Балкан.

Заинтересираните граѓани најпрво треба да извадат Идентификациски број на Отворен Балкан на порталот за е-услуги во својата држава, со што потоа аплицираат за Одобрение за слободен пристап до пазарот на трудот во останатите две држави.

Постапката се одвива целосно електронски и трае до 30 дена.

Откако заинтересираните граѓани ќе се најават на uslugi.gov.mk и ќе поднесат барање за издавање Идентификациски број за Отворен Балкан (OB ID), кое веднаш се генерира, следен чекор е со тој број да аплицираат за Сертификат за слободен пристап до пазарот на труд во Србија (euprava.gov.rs) или во Албанија (e-albania.al).

Постапката е целосно и детално опишана на следниве линкови: uslugi.gov.mk и av.gov.mk.

Oдговорни институции за спроведување на мерката во Македонија се Министерството за информатичко општество и администрација преку порталот uslugi.gov.mk во делот на издавање Идентификациски број за Отворен Балкан, Министерството за внатрешни работи во делот на издавање матичен број за странци и центрите на Агенцијата за вработување во делот за издавање сертификат за слободен пристап до пазарот на труд, со кој се овозможува вработување во Македонија.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Убава вест: 133 оздравени од Ковид-19

Редакција

Убава вест: Оздравени 16 пациенти од корона вирусот, вкупната бројка е 1.621

Редакција

Детален преглед: Растат цените на становите во Центар, благ пад на станбениот квадрат во Аеродром и Карпош

Редакција