Нови сцени од продолжението на култната серија: Кери е среќна, а модата се уште е нејзин заштитен знак

26 јануари, 20230
profimedia-0751435599-830x0 (1)

Серијата „And Just Like That“, продолжение на култната „Сексот и градот“, многумина со нетрпение ја очекуваат за да ги следат авантурите на познатата Кери, која ја игра Сара Џесика Паркер, а за некои серијата е чиста модна инспирација. Најновите кадри од снимањето ветуваат забава за двете групи гледачи.

Имено, последните сцени од Менхетен покажуваат дека Ејдан повторно е дел од животот на Кери Бредшо и дека старата љубов добила ново значење. Фотографиите сведочат за моментите во кои Џон Корбет, во серијата Ејдан, ужива во шопинг со Кери.

Новите сцени го наметнуваат прашањето какво место заземаат старите љубови во нашите животи, а што се однесува до модата – никогаш нема досаден момент.

Вистина е дека светлите бои се речиси секогаш присутни во „Сексот и градот“, но овој пат Кери покажа дека и потемните нијанси, како тегет, виолетова и сива, можат да ѝ бидат поле на интерес. Но на свој начин.

Имено, Кери тој ден пазарувала во молив здолниште, туника и дебел џемпер, би се рекло како секоја просечна жена облечена за нешто посвежо време. Но, еден близок поглед е доволен за да се увериме дека не сме измамени. Впрочем, таа е најмодерната њујорчанка.

Кери ја растури навидум обичната комбинација со мрежести чорапи во боја на кожа, а згора на тоа носеше металик сиви потпетици. Сакале или не, Кери продолжува да ја користи модата како нејзино изразно средство. И очигледно, таа ужива.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

escort - Korsan taksi