Поврзете се со нас

Англија

Навивачите на Евертон со песна му фатија сеир на Ливерпул (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: twitter.com/Everton

Тимот на Евертон оствари голема победа над Ливерпул (2-0), победа која носи задоволство од повеќе причини како ривалството, но она што е најважно истата го однесе клубот чекор поблиску до обезбедување на опстанок во Премиер лигата.

Ова за „карамелите“ беше прво славје на „Гудисон Парк“ над „црвените“ од 2010 година, резултат кој посебно ги израдува навивачите кои веднаш му фатија сеир на составот од „Енфилд Роуд“.

Тие експресно смислија песна им порачаа на гостите дека ја загубиле титулата на „Гудисон Парк“.

Четата на Клоп со 74 бода е на второто место на табелата со минус три во однос на лидерот Арсенал, но и со далеку послаба гол разлика (56/41).

Третопласираниот Манчестер Сити има 73 поени, но и два натпревари помалку во однос на клубовите од Лондон и Ливерпул.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни